
Гневот на администрацијата на Обама е „на црвено“ во врска со политиките на Израел за доселеничките населби, и владата на Нетанјаху отворено изразува сомнеж за разбирањето на Обама за Блискиот Исток. Можеби ќе следуваат длабоки промени во односите.
Неодамна зборував со висок претставник од админстрацијата на Обама во врска со еден странски лидер кој изгледа ја фрустрира Белата куќа и најмногу Стејт департментот. „Нештата во врска со Биби е што е тој кукавица“, рече високиот претставник наведувајќи го прекарот на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.
Овој коментар е во манир на соблечени ракавици со кој американските и израелските официјални лица сега зборуваат едни за други зад затворени врати, и е уште еден знак дека односите помеѓу владите на Обама и Нетанјаху одат кон целосна криза. Односите помеѓу двете администрации – кои се двоен гарант за претпоставената „нескршлива“ поврзаност помеѓу САД и Израел – се денес најлоши од било кога досега, и најверојатно уште ќе се влошуваат по ноемвриските среднорочни избори. Всушност, следната година администрацијата на Обама можно е да го повлечат своето дипломатско покривање на Израел во Обединетите Нации, но и пред тоа, двете страни се очекуваат да се разидат во врска со Иран и дали може да биде псотигнат договор во врска со нејзината нуклеарна програма.
Грешката за овој крах во односите во голем дел може да му се препише на помалиот партнер во односите, на Нетанјаху, и посебно на однесувањето на неговиот кабинет. На неколку луѓе со кои зборував во изминативе денови, Нетанјаху им рекол дека ја „отпишал“ админстрацијата на Обама и дека планнира директно да се обрати во Конгресот и кон американскиот народ дали треба да биде постигнат иранскиот нуклеарен договор. Од своја страна, претставници од админстрацијата на Обама изразуваат, според зборовите на еден од нив, „вжештен гнев“ кон Нетанјаху заради неговите политики за доселеничките населби на Западниот брег, и заради градежните политики во Ерусалем, за кои тие веруваат дека фатално го подриваат мировниот процес на државниот секретар Џон Кери.
Во изминативе неколку години, претставници на администрацијата на Обама ми го опишуваа Нетанјаху како своеволен, кусоглед, реакционерен, тап, цел на подбивање, помпезен и „аутист“. (Ова се буквалните термини; водам таква листа). Но досега не сум слушнал дека Нетанјаху е сметан за „кукавица“. Мислев дека го разбиран значењето на овој збор, но испадна дека не сум го разбрал целосно. Одвреме навреме, сегашни и поранешни претставници на администрацијата го опишуваа Нетанјаху како национален лидер кој работи жестоко како да е градоначелник на Ерусалем, што значи краткорочен без визии тип кој главно се грижи да ги задоволи и најтврдокорните елементи во неговото политичко изборачко тело. (Претседателот Обама во интервју со мене алудираше на недостатокот на Нетанјаху за политичка смелост).
– Доброто нешто кај Нетанјаху е што е преплашен да започне војни, рече високиот претставник проширувајќи ја дефиницијата за тоа како е израелкиот премиер кукавица. „Но лошото кај него е што нема да стори ништо за да постигне мир со палестинците или со сунитските арапски држави. Единстеното нешто за кое е тој заинтересиран е да се заштити самиот од политички пораз. Тој не е Јицак Рабин, не е ниту Ариел Шарон, а најмалку е Менахем Бегин. Тој нема смелост“.
Ја слушнав оваа забелешка и од друг висок претставник кој редовно е во допир со фајлот Израел. Тој се согласи дека Нетанјаху е „кукавица“ во врска со работите поврзани со комираниот мировен процес, но додаде дека е „кукавица“ и по прашањата за нуклеарна закана од Иран. Претставникот рече дека админстрацијата на Обама повеќе не верува дека Нетанјаху ќе започне предвремен напад врз иранските нуклеарни постројки, со цел да се одврати режимот во Техеран од изградба на атомски арсенал. „Доцна е за него да стори нешто. Пред две-три години ова и беше можно. Но на крајот не можеше да го потегне чкрапалото. Тоа беше комбинација од наш притисок и неговата лична невољност да направи нешто драматично. Сега е предоцна“.
Оваа проценка претставува значаен пресврт со кој админстрацијата на Обама го гледа Нетанјаху. Во 2010 и повторно во 2012 година, претставници од администрацијата беа убедени дека Нетанјаху и неговиот тогашен минстер за одбрана, поранешен командос со каубојски манири Ехуд Барак, беа подготвени да го нападнат Иран. Знаеме дека администрацијата на Обама користеше закана за евентуален изралески напад на искалкулиран начин за да ги убедат своите сојузници (и некои од непријателите) да застанат зад она што излезе дека е ефикасен режим од санкции. Но стравот во Белата куќа од предвремен напад (или превентивен напад, да бидеме попрецизни) беше реален и опиплив – и беше страв од дисиденти во кабинетот на Нетанјаху, и во седиштето на израелската одбрана. Во седиштето на американската централна команда во Тампа, аналитичарите внимателно ги следеа временските прилики и на полната и млада месечина над Техеран, обидувајќи се да ја предвидат точната ноќ на претстојниот изралески напад.
Денес има помалку такви стравови. „Чувството сега е дека Биби блефира“, рече вториот висок владин претставник. „Тој не е Бегин во Осирак“, додаде тој асоцирајќи на успешниот воздушен напад на Израел во 1981, кој го нареди поранешниот премиер врз ирачки нуклеарен реактор.
Вербата дека заканата од Нетанјаху за напад сега е празна, им дава на американските службени лица простор за здивнување во нивните тековни преговори со Иран. Можеби ќе помислите дека со ова ново сфаќање за Нетанјаху како суперпретпазлив лидер админстрацијата ќе биде благодарна. По се, денес не е лесно да се најде совесен лидер од Блискот исток. Но на бројни други прашања, Нетанхају не изгледа баш толку совесен.
Друга манифестација на неговите кукавички потези според мислењето на владините претставници на администрацијата на Обама, е неговата скоро патолошка желба за зачувување на неговата кариера. Владата на Нетанјаху изминативе денови испушти: а) да му каже на светот дека ќе ја збрза изградбата на домови во спорните реони на источен Ерусалем, и б) на сите да им укаже за својот презир за администрацијата на Обама и на неговото разбирање на Блискиот исток. Проширувањето на доселеничките населби и доведувањето на десничарски еврејски доселеници во арапските реони на источен Ерусалем, се јасен сигнал од Нетанјаху до неговата политичка база, во престер на можни избори следната година, дека е тој сеушпте со нив и покрај неговата реторичка заложба за решението за две држави. Јавните критики на политиките на Обама се истовремено и емоционални и наменети да се мобилизира базата.
Но Нетанјаху ги критикуваше оние кои ги осудуваат израелските планови за проширување во источен Ерусалем како „исклучени од реалноста“. Ова изјава беше јасно директно упатена кон Стејт департментот, чиј портпарол Џен Псаки претходно рече дека „ако Израел сака да живее во мирно општество, треба да направи чекори со кои ќе ги намали тензиите. Одењето напред со ваков вид на акции нема да се совпадне со потрагата за мир“.
Излегува дека токму владата на Нетанјаху е исклучена од реалноста. Ерусалем е на раб да експлодира во трето Палестинско востание. Вистина е дека евреите имаат морално право да живеат каде сакаат во Ерусалем, во нивниот најсвет град. Но исто е вистина и дека созреана влада треба да знае дека не сите права треба веднаш да бидат овозможени. Не без причина палестинците веруваат дека целта на доведување на еврејски жители во целосно арапските населби не е интеграција, туку доминација – да се отежни колку е тоа можно и засекогаш Ерусалем да стане главен град на Палестина.
За разлика од американскиот државен секретар Џон Кери, јас немам никакви надежи за итно создавање на Палестинска држава (тоа може да биде опасно, во овој хаотичен момент од историјата на Блискиот исток, кога арапските државни системи делумно се распаѓаат, да се создаде арапска држава на Западниот брег која лесно може да ги вшмука во екстремизам), но исто така би сакал да видам како Израел ги подобрува условите за живот на Западниот брег и во источен Ерусалем, со што ќе овозможи евентуално раѓање на таква држава. Токму тоа го сака админстрацијата на Обама (истото го сака и Европа, и исто така случајно, тоа е она што израелските и американските евреи го сакаат), и овој проблем лежи во сржта на несогласувањето помеѓу Вашингтон и Ерусалем.
Израел и САД, како блиски сојузници, одвреме навреме се разидуваат по некои важни прашања. Но не паметам ваков период од долготраен и молчелив презир. Голем дел од гневот кој го чувствуваат претставниците во админстрацијата на Обама е вкоренет во периодичните експлозии на владата на Нетанхају со антиамерикански надменост. Посебно израелскиот министер за одбрана, Моше Јалон, јавно ја опиша админстрацијата на Обама како наивна и уште полошо, на теми поврзани со американската политика во Блискиот исток. Минатата недела, високи претставници, вклучувајќи го и Кери (кој од Јалон беше опишан како „опсесивен“ и „месијански“) и Сјузан Рајс, советникот за национална безбедност, одбија да се сретнат со Јалон на неговиот престој во Вашингтон, и не треба да ги обвинуваме за тоа. (Кери, американскиот владин службеник кој е најчесто цел на критики од десничарските израелски политичари, е единствената важна личност која остана во администрацијата на Обама кој сеушпте верува дека Нетанјаху е спосбен да прави смели компормиси, што можеби и е објаснување зошто токму тој е цел).
Еден од најзабележливите аспекти на сегашните тензии помеѓу Израел и САД е чувствотво на немир кај мејнстрим американските еврејски лидери околу неодамнешното однесување на израелската влада. „Израелците не покажуваат доволно почит за улогата на Америка во подршката за Израел, економската, воената и политичката“, ми рече Абрахам Фоксман, шеф на Лигата против клеветата. (Дополнување: Фоксман штотуку ми прати порака со следнават изјава: „Цитатот е точен, но контекстот е погрешен. Јас мислев на тоа кои се проблемите на оваа админстрација во врска со Израел, а не кој е проблемот кај лидерите во американската еврејска заедница“)
Што значи сета оваа несреќност за иднината? Прво, тоа значи дека на Нетанјаху – кој предвремено ја „отпиша“ админстрацијата на Обама – скоро со сигурност му е потешко отколку што е вообичаено неговит случај против потенцијално слабиот нуклеарен договор со Иран, кога еднаш ќе сфати дека отпишувањето на администрацијата не е мудар потег.
Тоа исто значи дека Белата куќа по ноември ќе биде помалку заинтересирана да го брани Израел од непријатните резолуции во Обединетите нации, каде Израел редовно е жртвен јарец. Админстрацијата на Обама можеби размислува Израел самиот директно да си плаќа за своите политики со доселеничките населби.
Следната година, претседателот на Палестинските власти, Махмуд Абас, најверојатно ќе бара во ОН целосно признавање на Палестина. Можам да си замислам дека САД сеуште ќе се обидуваат да блокираат таков потег во Советот за безбедност, но тоа може да го стори и помагајќи да се направи антидоселеничка резолуција. Таквата резолуција ќе го изолира Израел од меѓународната заедница.
По ноември нема ниту да изненади ако бидеме сведоци као администрацијата на Обама презема потег кој Нетанјаху и не би сакал да види дека се презема: јавно, целосно остварување на визите на адмиинстрацијата за решението за две држави, вклучувајќи и мапи со кои се прецртуваат изралеските граници. Овие граници, кои се хорор за Нетанјаху, ќе бидат на основа на линиите на поделба од 1967 година, со голем дел од доселенички населби во Западниот брег приспоени кон Израел во замена за разменети територии на други места. Таквата реализација експлицитно ќе му укаже на Израел што очекуваат САД од него.
Нетанјаху, но и соколските министри околу него, изгледа се помириле дека нивните краткорочни политички кариери се засновани на платформа која може да се сведе на оваа формула: „Целиот свет е против нас. Само ние можеме да го заштитиме Израел од она што доаѓа“. За израелската јавност која е трауматизирана од насилствата на Хамас и антисемитизмот, и од стравот дека хаосот и бруталноста од арапскиот свет може еден ден да се прелее кај нив, оваа формула е симпатична.
Но за иднината на Израел, како сојузник на САД, оваа формула е катастрофа.
Атлантик – Вашингтон
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


