| четврток, 6 декември 2018 |

Магливо утро, сончев есенски ден

esenНиска облачност и слаба магла низ котлините наутро и претпладне  се очекуваат во текот на првата среда во овој месец. Повторно локално маглата ќе биде поизразена. Според Метеопро, попладне на повеќе места низ земјава ќе има подолги сончеви периоди. Сончево време во текот на целиот ден се очекува на планините. Наоблачување во западниот регион се очекува навачер. Не се исклучува можноста за сосема слабо да пророси во југозападниот крај.

Утрото ќе биде релативно студено. Минималната температура ќе биде во границите од 2°С до 7°С.

Максимална температура околу 14°С се очекува во северната половина на земјата. Во југозападниот регион максималната ќе достигне до 16°С, Најтопло ќе биде на југоисток, каде максималната температура на воздухот ќе има вредност до 17°С, и повторно со мала стагнација на температурата во струмичката котлина заради ниската облачност и маглата.

Во скопската котлина се очекува слично време со она од вторник, со услови маглата во делови од котлината наутро да биде поизразена. Попладне се очекува претежно сончево време, но со напомена дека постои мала веројатност ниската облачност да се задржи и во овој дел од денот. Минималната температура ќе се спушти до 3°С, додека максималната вредност на температурата ќе достигне вредност околу 14°С

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top