| четврток, 6 декември 2018 |

Барак Обама идната недела заминува во посета на Азија и Австралија

Barack Obama

Американскиот претседател Барак Обама идната недела ќе ги посети Кина, Мјанмар и Австралија, соопшти Белата куќа, пренесува ДПА.

Обама ќе биде во Кина од 10 до 12 ноември за самитот на Организацијата за азиско-пацифичка економска соработка (АТИС). Во Пекинг ќе се сретне со својот кинески колега Кси Џинпин.

Од 12 до 14 ноември Обама ќе биде во Мјанмар каде ќе се присуствува на самитот на земјите од Источна Азија и средбата на високо ниво меѓу САД и Асоцијацијата на земји од Југоисточна Азија (АСЕАН).

Барак Обама на 15 и 16 ноември ќе присуствува на средбата на Г-20 во австралискиот град Бризбејн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top