Вчера попладне кај наплатната рампа „Романовце“ на автопатот Скопје-Куманово се случила сообраќајна незгода меѓу комби со бугарски национални ознаки управувано од Н.С. (46) од Куманово, патничко возило „форд орион“ управувано од Д.А.(39) од с. Ваксинце, патничко возило „авео“ со скопски ознаки управувано од Н.П.(39) од Скопје и возило „киа“ управувано од Б.Б. (33) од Куманово.
Во автомобилот „форд орион“ се превезувале четворица емигранти од кои двајца побегнале со возачот. Двајцата емигранти кои останале во возилото се приведени во СВР Куманово и по извршен разговор е утврдено дека се државјани на Сирија. Тие изјавиле дека откако илегално влегле во Република Македонија, се упатиле кон Куманово, при што запрело патничко возило „форд орион“, а со возачот се договориле за сума од 400 евра да ги превезе до село Лојане.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле Н.С., еден сопатник од возилата и мигрант од Сирија, по укажана лекарска помош сите се пуштени на домашно лекување.
По преземени мерки е приведен и Д.А., по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Странските државјани се сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти