Повеќе од половината вработени Германци – 54 отсто, изјавиле дека редовно добиваат во различен паричен износ „божикна плата“, најчесто во ноември, пренесуваат денеска германски медиуми резултати од анкета на синдикалниот архив ВСИ од Диселдорф.
Според анектата, сега како и порано, постојат разлики меѓу истокот и западот на Германија.
На запад од државата 57 отсто вработени имаа „божикна плата“, а на исток – 40 отсто.
Кога станува збор за претстојните божикни празници, различни истражувања покажуваат дека Германците оваа година за божикни подароци ќе потрошат во просек по 266 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.