| четврток, 6 декември 2018 |

Дваесетгодишен сурфер: Ајкулите сакаат нозе (фото)

Австралискиот сурфер Рајан Хант уживал во последните бранови на плажата во Нов Јужен Велс кога му се случило нешто што најмалку го очекувал.

20-годишниот сурфер кога се симнал од штицата и ја спуштил ногата во водата, згазнал директно на глава на ајкула. Рајан во моментот помислил дека згазнал на камен, но тогаш почувствувал голема болка. Тој со нога ја удрил ајкулата и ја турнал со рацете.

Рајан фотографијата од повредата ја споделил на „Инстаграм“, а под неа напишал дека едвај чека повторно да сурфа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top