Понекогаш сосема несвесно чукнуваме во дрво, кога раскажуваме за нешто што не сакаме да се изјалови, тоа е суеверие.
Кого и да прашате дали е суеверен, тој ќе одмавне со главата и со насмевка, но исто така скоро сите чукнуваат во дрво, се радуваат кога ќе ги почеша левата рака и ќе плукнат трипати доколку црна мачка им го попречи патот.
Прочитајте зошто ги правиме сите овие работи и кое е нивното значење:
Црна мачка која ни го пресекува патот
Викаат, доколку црна мачка ти го пресече патот, тоа носи голема несреќа. За да се избегне тоа треба да се смени патот или па да се плукне трипати па да се продолжи. Низ историјата црните мачки биле убивани поради суеверие.
Отворање на чадор во домот
Несреќата е поголема доколку овој чин се прави ноќе, а зошто…..не се знае, ама се зборува за тоа. Табу тема.
Чукање во дрво
Се чукнува во дрво, затоа што ако не се чукне, злото може да ја слушне твојата приказна и се да се уништи. Доколу се чукне во дрвото злото е глуво. Доколку посакуваме нешто и потајно се надеваме во тоа, а во меѓувреме раскажуваме за тоа, мислиме дека ако не чукнеме во дрво, нема да се исполни. Чукањето во дрво било пагански обичај, демоните да биле помилостиви кон луѓето кои живеат во домот и им се давало на знаење на демоните дека луѓето сметаат на нивната добрина.
Не се врти лебот наопаку
Ова суеверие може да се поврзе со религијата, што претставува парадокс, затоа што лебот го отсликувало Исусовото тело. Како последните од вртењето на лебот наопаку се верувало дека може да настапи сиромаштија во семејството, појавување на брадавица на раката со која што е свртен лебот.
Седење на аголот од масата
Според ова верување, тој што седи на аголот од масата нема да се ожени (омажи)
Црвен конец околу раката
Црвениот конец се носи против уроци или против магии. Тој обично го ставаат на деца, а особено на некрстените, затоа што се поподложни на уроци.
Конец или влакно на облеката
Доколку на својата облека најдете црно влакно тогаш на вас мисли црна девојка/момче. Доколку најдете светло влакно или конец, тогаш на вас мисли русокоса девојка или русокосо момче.
Чешање на дланките
Доколку ве чеша десната рака, тогаш парите си одат ова вас, но доколку ве чеша лева рака ви доаѓаат.
По сето ова што мислите за себе, суеверни сте или не?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.