Потребно е само два дена да добиете дозвола за работа во Сингапур. Затоа не е ни чудо што оваа земја е на врвот на ранг-листата на Светска банка како најдобра земја за водење бизнис во светот, и тоа деветта година по ред.
Нов Зеланд и Хонг Конг се на второто, односно третото место на листата. Во извештајот се наведува дека сопствениците на компании во Сингапур трошат во просек по 82 часа годишно обидувајќи се да ги решат проблемите со даноците.
Тоа е половина од времето кое го трошат компаниите во САД, чија држава е на седмото место. Нов Зеланд е пофален за ефикасен систем на планирање и олеснување на луѓето во водењето бизнис, а Хонг Конг е специфичен по ниската стапка на данок на добивка.
Вкупно 80 отсто од 189 земји што се наоѓаат на ранг-листата на Светска банка ги подобриле резултатите од лани. Таџикистан, Бенин и Того се трите земји што покажале најмногу подобрувања.
Ранг-листа на Светска банка
1. Сингапур
2. Нов Зеланд
3. Хонг Конг
4. Данска
5. Кореја
6. Норвешка
7. САД
8.Велика Британија
9. Финска
10. Австралија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Владата ја испрати ќерка му на Таки Фити како претставник на Македонија во Светска банка
-
Светска банка вели дека гастербајтерите праќаат сè помалку кеш во Македонија – еве зошто
-
Двојниците на Трамп и Ким Јонг Ун ги шокираа минувачите во Сингапур (видео)
-
После галопирачкиот раст на економијата претходните години, Македонија лани немала никаков раст