| четврток, 6 декември 2018 |

Танц на Смит, пораз за Никс (видео)

JR-SMITH-vs-OKC

За Њујорк никс се атрактивни потезите, а победата со многу мака ја однесе Оклахома тандер. Џеј Ар Смит го одигра мечот на сезоната и со најдобар поентерски резултат во кариерата, од 36 поени, им зададе многу мака на фаворитите од Оклахома. Смит имаше брилијантна претстава, танцуваше на паркетот, но попусто, Њујорк без повредениот Кармело Ентони загуби со 94-95.

Во петте најдобри моменти од НБА место заслужи и забивањето на соиграчот на Смит, Амаре Стадемаер. Најатрактивен потег на ноќешната програма од само два меча е акцијата на Денвер Нагетс, која заврши со забивање на Вилсон Чендлер. Денвер неочекувано лесно со 107-92 победи против Лос Анџелес клиперс. Седуммина кошаркари на Денвер имаа двоцифрени поени, тимот ја забележа 7. победа во серија, а три моменти во режија на кошаркарите на оваа екипа се во најдобрите пет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top