
Секс со повеќе од 20 жени во текот на животот го намалува ризикот на развојот на рак на простата, покажуваат резултатите од едно научното истражување, кое го пренесува британскиот весник „Телеграф“.
Според истражувањето кое го спроведоа научниците од Универзитетот Монтреал и ризикот од појава на тој вид карцином за третина е помал кај мажите кои имале секс со повеќе од 20 жени. Истражувањето покажа дека кај промискуитетни мажи 19 отсто е помал ризикот за појава на најагресивните форми на тој рак.
Од друга страна, кај мажите кои имале односи со повеќе од 20 мажи двојно се зголемил ризикот за развој на рак на простатата во однос на мажите кои никогаш не практикувале хомосексуални односи.
Научниците веруваат дека сексот ги штити мажите од рак на простата и дека оние најпромискуитетните имаат повеќе секс од мажите во моногамните врски.
Во случај на хомосексуални односи, овој заштитен ефект се губи поради тоа што се зголемуваат шансите за зараза со некоја сексуално пренослива болест и од механички повреди во текот на односот.
Во рамките на истражувањето следени се повеќе од 3200 мажи во текот на четири години. Утврдено е дека мажите кај кои е поставена дијагноза рак на простата, имале двојно повеќе изгледи за постоење на уште еден член на семејството со оваа дијагноза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


