
Се бараат високо образовани со релевантно искуство за економски промотори во Њу Џерси и Конектикат, Далас и Хјустон и еден во Минеаполис. Македонската Влада отвори јавен повик за пројавување интерес за економски промотори.
Портпаролот на македонската Влада, Александар Ѓорѓиев истакна дека заинтересираните кандидати треба да достават мотивациско писмо (со максимум 500 зборови) и кратка биографија.
-Кандидатите кои ќе аплицираат треба да имаат завршено високо образование, да работеле две години во рамките на сферата на екопномијата и да имаат одлично познавање на англискиот јазик. Цениме дека е добра можност за сите кандидати, за оние најспособни, најквалитетни кандидати, да аплицираат за да можат да се стекнат со можност да бидат избрани и да ја извршуваат оваа одговорна функција која што е значајна и за Република Македонија, но е значајна и за нивната кариера и нивниот професионален развиток – изјави Ѓорѓиев.
Огласот ќе трае до 10-ти ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


