| четврток, 6 декември 2018 |

Жена се запали пред зградата на Парламентот на Бугарија

-Upload--Vesti-Bugarija_parlamenttot_201331413359

Триесет и деветгодишна жена се самозапали пред зградата на бугарското собрание. Први на помош дошле новинарите на работна задача, ужаснати од глетката.

Огнот ги зафатил косата и облеката на жената. Таа не кажала зошто го сторила тоа.

Бугарското министерство за внатрешни работи не го соопшти идентитетот на жената, но информира дека таа е хоспитализирана со тешки изгореници.

Најмалку шест луѓе си ги одзеле животите со самозапалување во периодот од февруари до маја минатата година кога имаше демонстрации поради корумпираните политичари и постојаните поскапувања. Просечната плата во Бугарија е 400 евра, а секое петто домаќинство живее под прагот на сиромаштијата. Според неодамнешните испитувања, 69 отсто од Бугарите сметаат дека состојбата во земјата е „неподнослива“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top