
Семејството на исчезнатата Дениса Маркоска бара од премиерот Никола Груевски помош Јавното обвинителство да издаде наредба до Институтот за судска медицина, да се изврши дополнителна ДНК анализа на телото коешто од Грција во среда ќе биде транспортирано во Македонија.
Таткото Кире Маркоски денеска со допис се обратил до Груевски.
– Ве молиме помогнете и нашата душа да се смири, интервенирајте кај Републичкиот јавен обвинител, да ни овозможи да направиме уште една ДНК анализа, за да бидеме сосем сигурни дека во ковчегот е нашата Дениса. Ќе не јаде тагата додека сме живи, но Ве молиме барем сомнежот да не не јаде – пишува во писмото кое Маркоски го испратил до премиерот Груевски.
На семејството не им е нејасно зошто Обвинителството го одбива нивното барање, кога инсистираат да ги платат трошоците во висина од 650 евра и целата постапка да заврши.
Дениса исчезна на 12. септември во водите на Егејот во близина на Карпатос, додека бродот на којшто работела пловел на отворено море. Последен ја видел колега на бродот, како пуши цигара на палубата.
По два и пол часа таа не се појавила на работно место. Истрата со глисер и хеликоптер на грчките служби беше безуспешна, телото беше пронајдено подоцна во фаза на распаѓање во морето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


