Кејт Мос ги збунила сите кога пристигнала со скандалозен изглед на 60. роденден на светски познатиот фотограф Марио Тестино. Манекенката се погрижила косата да ѝ биде направена како на холивудска дива од златните години на киното во средината на минатиот век. Но, наместо фустан, ставила нешто како проѕирна црвена ноќница. Под неа јасно се гледа нејзината долна облека. Повеќето луѓе го коментирале изгледот на 40-годишната дама како невкусен.
– Всушност, фустанот ми е од Стела Макартни и сигурно не забележувате, но има леопард принт – се пошегувала со критичарите непослушната Кејт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




