Лидерот на украинскиот доброволен баталјон „Дњепро-1“, Јуриј Береза, во една емисија рекол дека постојат сили кои се спремни да ја нападнат Русија, јавува Раша тудеј.
Береза, кој неодамна стана пратеник, во емисијата „Шустер во живо“ рекол дека тие се спремни да ја бранат Украина.
– Спремни сме не само да ја браниме Украина, туку и да ја нападнеме Руската Федерација, да продреме и до групите за саботажа – рекол Береза, а после оваа изјава домаќинот на емисијата го исклучил од програмата, со објаснување дека такви изјави „ги вознемируваат граѓаните“.
Доброволниот баталјон на Береза, инаку е една од единиците кои оваа година ги формираа активистите на Мајдан и ултранационалистите од Десен сектор. Овие единици, според некои извештаи, и помагале на украинската војска на истокот од Украина, употребувајќи многу сурови методи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


