Сексот на отворено, воајери и Славко Штимац, кој одглуми дури во три култни сцени во три различни филмови, би можело да се наведе како лајт-мотиви на секс-сцени од југословенските филмови. Цензурата во комунизмот била правило, но овие сцени без проблеми добиле дозвола да се емитуваат.
„Кој тоа таму пее“
Сцената од сексот меѓу Неда Арнериќ и Славко Штимац денес веќе има култен статус, но глумицата и понатаму се шокира кога ќе се види гола на платното. Сепак, таа изјавува дека е горда што била дел од тој филм. Од оваа сцена е и популатната реплика „И тато би сине“.
„Маратонците го трчаат почесниот круг“
Шијан го режирал и овој филм, што е забележливо по сличноста со сцената од филмот „Кој тоа таму пее“. Двете сцени се снимени на отворено, а е присутен и воајер, кој надгледува.
„Се сеќаваш ли на Доли Бел“
Славко Штимац имал можност да се тркала по таванот со Лилјана Благојевиќ во филмот на Емир Костурица.
„Лажливо лето“
Во филмот на Горан Паскаљвиќ, Штимац е повторно во главна улога, а овој пат Славко во кујната се пипка со Јагодинка Симоновиќ. Освен тоа, од овој филм е и популатната реплика „Меси, меси, нема ништо да ти шкоди“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.