Кина произведе ново ласерско оружје, кое може да урне нисколетачки беспилотни летала, објавија кинеските медиуми.
Новиот ласерски систем има дострел од два километра и може да урне различни мали летала во рок од пет секунди откако ќе го лоцира.
Медиумите прикажале фотографии на голема метална кутија во маскирни бои и остатоци од мало беспилотно летало, од кои некои се во пламен.
Новото оружје ефикасно се користи за летала на максимална височина од 500 метри, кои се движат со брзина од 50 метри во секунда
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.