Понеделник ги „враќа во игра“ ниската облачност и слабата магла низ котлините, особено по Повардарие и котлините во југоисточниот крај. Западниот дел од земјава може да очекува релативно поведро време. Сепак, попладне на повеќе места низ земјава ќе има подолги сончеви периоди. Речиси целосно сончево време се очекува на планините.
Максимална температура од 11 Целзиусови степени се очекува во северната половина на земјата. Во југозападниот регион максималната ќе достигне 12 Целзиусови степени, иако охридско-преспанскиот регион ќе биде сосема малку потопло. Најтопло ќе биде на југоисток, каде што максималната температура на воздухот ќе има вредност до 17 Целзиусови степени, но со мала стагнација на температурата во струмичката котлина.
Во скопската котлина се очекува утро со слаба локална магла и појава на ниска облачност претпладне. Попладне се очекува „расчистување“ на облачниот слој. Максималната вредност на температурата ќе достигне вредност 12 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.