| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно нешто се случува во Украина, руски војници влегуваат во Донецк и Луганск

Украинската војска соопшти дека забележала интензивно движење на војници и опрема од Русија во регионите Донјецк и Луганск, кои се под контрола на проруските сили.

Портпаролот на украинската војкса Андреј Лисенко рекол дека е забележано „интензивно распоредување на непријателска воена опрема и луѓе од територијата на Руска Федерација на територија која привремено ја контролираат бунтовницте“, пренесе АФП.

Новинарите на француската агенција тврдат дека во градот Донјецк виделе околу 20 камиони, од кои некои носеле противавионски топови, како се движат кон аеродромот кој е под контрола на Киев, иако не било јасно дали се во прашање нови сили.

Неколку западни медиумски куќи пренесоа сведочења за движење на трупи во близина на Донјецк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top