| четврток, 6 декември 2018 |

Лажно пријавил дека го легитимирала „полиција на Илирида“

К.С. од Скопје заработи прекршочна пријава откако полицијата констатирала дека тој лажел кога пријавил дека бил легитимиран од страна на припадници на „полиција на Илирида“.

Во саботата околу околу 18,00 часот во ЦИК-Скопје, К.С. пријавил дека на последна 45-ка во населба Ченто-Скопје, две непознати машки лица со црн „Џип“, со црни униформи на кои на грбот на албански им пишувало „Полиција“, а на ракавите „Илирида“, со црвени беретки, со пушки во рацете, му се обратиле со зборовите „Ние сме полицајци од Илирида“, по што му побарале лична карта, а потоа се упатиле кон с.Арачиново.

По обавен разговор со пријавителот констатирано е дека од негови лични причини настанот го измислил и го пријавил во 192, се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top