| четврток, 6 декември 2018 |

Седум начини за да ги избегнете вирусите

Во ова годишно време владеат бројни вируси и затоа потрудете се да ја избегнете кивавицата: избегнувајте контакт со заболени лица, зголемете го внесувањето на витамин Ц, облекувајте се потопло и зајакнете го имунитетот со правилна исхрана.

Доколку сакате во текот на овој период да ја избегнете кивавицата и да го спречите ширењето на вирусот слушајте ги советите на експертите:

-Избегнувајте контакти со заболени лица, не ракувајте се и не бакнувајте се со нив!

-Зајакнете го имунолошкиот систем со избалансирани и хранливи оброци.

-Зголемете го внесувањето на витамин Ц

-Додека во вашата околина владеат вируси најдобро е да ја„ повлечете рачната“ и малку да се забавите бидејќи уморот и стресот го слабеат вашиот имунитет и станувате подложни на инфекции.

-Кога ќе залади надвор, облекувајте се потопло.

-Не прегрејувајте ги просториите во кои поминувате најмогу време и често проветрувајт ги бидејќи преголемата разлика помежу внатрешната и надворешната температура може да ги ослби одбрамбените сили на вашиот организам.

-Доколку и покрај советите, сепак, ја закачивте кивавицата, останете неколку денови дома и не ширете ја понатаму!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top