| четврток, 6 декември 2018 |

Боко Харам се закани дека ќе убие германски заложник

Водачот на нигериската исламистичка група Боко Харам, Абубакар Шекау, се закани дека екстремистите би можеле да убијат еден германски државјанин, кој е киднапиран од нив.

Во синоќа објавената видео снимка Шекау тврди дека Боко харам се уште го држи како заложник Германецот, чиј идентитет не се открива.

Лидерот на екстремистите истакна дека борците можат да го ликвидираат заложникот.

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер минатата недела нагласи дека нема нови информации за киднапираниот Германец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top