| четврток, 6 декември 2018 |

Жени киднапиранале стружанка, ја ограбиле и оставиле на плажа

зени
Адвокат од Струга вчера во полициска станица пријавил дека истиот ден во времето од 09:00 до 09:20 часот во Струга на ул.„Маршал Тито“, извршено е грабнување на С.К.(42) од Струга.

Имено, откако таа излегла од „Тутунска банка“ и се движела кон пекарата „Алмико“, била пресретната од женско лице кое преку устата и носот и ставила некоја течност, по што влегле во возило од непозната марка и регистарски таблици, кое го управувало женско лице на возраст од околу 50 години.

Во возилото преку лицето и била ставена марама.

По околу 20-тина минути возење ја внеле во просторија, но претходно женските лица и ја одзеле чантата во која имала околу 1000 до 2000 евра.

Околу 13:00 часот оштетената била пронајдена на клупа на плажа.

Од полициска станица Струга се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top