| четврток, 6 декември 2018 |

Пропадна создавањето на Антарктикот за најголем морски резерват во светот

antartik

Русија и Кина го блокираа создавањето на Антарктикот за најголем морски резерват во светот, соопштија еколоши организации.

Десетдневната средба на која учествуваа 24 земји и ЕУ во Хобарт, Австралија, заврши без да биде постигнат неопходен консензус. Со тоа планот пропадна по четврти пат.

Поголем дел од земјите учеснички и ЕУ го поддржаа предлогот на САД и Нов Зеланд за забрана за ловење на повеќе видови риби во резерват во морето Рос на површина од околу 1,4 милиони квадратни километри.

Вториот план на Австралија, Франција и ЕУ за создавање на четири помали резервати во близина на Истичен Антарктик, исто така, не беше одобрен.

Еколошките организации изразија длабоко разочарување од блокирањето на предлозите

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top