| четврток, 6 декември 2018 |

Билки за бујни гради

Жените сонуваат за убаво, бујно деколте. Мажите не се исклучоци. Силиконите се решение, но не најдобро… Барем не за оние кои го сакаат природното. Но затоа природата е тука да ви помогне да добиете природни бујни гради. Доколку сакате вашите гради да бидат бујни тогаш употребувајте некои од следните билки кои поретко се користат во секојдневната исхрана.

Пискавица

Ова семе може да влијае врз зголемувањето на градите. Истото се потопува во вода и се остава да остане во неа во текот на ноќта. Потоа водата се користи за масирање на градите.

Резене

Билката содржи состојки кои го зголемуваат естрогенот во телото. Освен тоа во неа може да се најде и посебна состојка која го стимулира растот на градите и го зголемува производството на млеко кај жените доилки.

Чичек

Чичекот го зголемува протокот на крв во ткивото на градите, го поттикнува женскиот репродуктивен систем и помага при варењето.

Анис

Оваа билка се користи како зачин за да им даде специфичен вкус на јадењата. Меѓутоа може да се користи и за зголемување на градите.

Сладок корен

Уште една билка која го зголемува нивото на естроген и пролактин со што градите стануваат побујни.

Pueraria mirifica

Оваа тајландска билка веќе долго време се користи за правење креми против брчки. Но, нејзините состојки може да се најдат и во многу препарати за зголемување на градите. Со помош на неа градите ќе ви бидат цврсти, бујни и поубави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top