
По бруталниот пад на моралот и оптимизмот на Французите за иднината на француското општество во септември, тој започна да расте, како што покажува барометарот на институтот ЦСА за телеевизијата БФМТВ, јавува дописникот на МИА од Париз.
Околу 28 проценти од испитаните Французи изјавиле дека имаат доверба во општеството, односно раст од 5 поени во однос на претходниот месец. Ова подобрување се однесува посебно поради пенизониерите, кај кои е забележан пораст од +13 поени, и кај работниците +11 поени.
Сепак 70 отсто од сите испитани изјавиле дека се песимисти.
Подобрувањето на моралот и оптимизмот според симпатизерите на десницата и на центарот се должи на новата дискусија на актуелниот премиер Мануел Валс, кој ја отфрли идеологијата на социјализмот и со тоа се дава надеж дека левицата може да биде реформатор. Од друга страна се појавува и надежта за реприза на економскиот раст.
Но со оглед дека дури 70 проценти од испитаните не се опримисти, нивното незадоволство се должи на економаската ситуација и посебно новото зголемување на невработеноста и силната недоверба кон политичарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


