| четврток, 6 декември 2018 |

До февруари одлука за спорот меѓу Србија и Хрватска

srbija-hrvatska

Претседателот на Меѓународниот суд на правдата во Хаг Пeтер Томкa најави во Генералното собрание на ОН дека пресудата за спорот по тужбата од Хрватска и противтужбата од Србија за геноцид ќе биде донесена пред обновување на судскиот процес во февруари идната година.

Томка, при поднесувањето на годишниот извештај за работата на судот, изјави дека пресудата ќе биде донесена пред замената на судиите во февруари во рамките на редовното тригодишно обновување на судиите, пишува весникот „Политика“.

Според Томка во тек е расправа за случајот и дека се работи на пресудата, откако во март во судот беше одржана јавна расправа на која Хрватска и Србија повикаа на кршење на Конвенцијата за спречување и казнување на геноцид.

Главната расправа во Хаг по тужбата поднесена од Хрватска против СР Југославија во 1999 година и противтужбата од Србија во 2010 година се одржа од 3 март до 1 април годинава

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top