| четврток, 6 декември 2018 |

Бутарис: Златна зора ќе исчезне од грчката политика

zlatna-zora

Ултрадесничарите во Солун не се толку агресивни како во Атина, изјави „Блиц“ градоначалникот на Солун Јанис Бутарис и верува дека со доаѓањето на подобри времиња тие ќе исчезнуваат од политичката сцена.

– Во Атина има околу еден милион имигранти и таму на ултрадесничарската партија „Златна зора“ и е лесно да добие гласови. Во Солунскиот градски совет сега имаат двајца претставници. Партијата ме тужеше кога реков дека е криминална организација, но не успеаја тоа да го докажат на суд. Не можеме да им забраниме да постојат, а кога работите ќе се подобрат и тие ќе исчезнат – тврди Бутарис, кој е еден од основачите на либералната партија Акција (Драси).

Градоначалникот на Солун, кој беше во дводневна посета на Белград, изјави дека откако открил дека во тој грчки град е роден Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, годишно има повеќе од 100.000 туристи од Турција.

– Во Грција израснавме со убедување дека Турците ни се непријатели, дека сакаат да не убијат и да ни ја земат земјата. Кога во 2011 година го презедовме управувањето со градот, реков дека Ататурк е роден во Солун. Можеме да мислиме дека Ататурк бил убиец на Грци, дека Турците ни се непријатели, но стотици илјади Грци одат во Истанбул да ја посетат Света Софија и ништо не се случува. Па зошто да го претставиме тој факт дека Ататурк е роден во Солун и да ги поканиме Турците да дојдат – рече Бутарис.

Градоначалникот објасни дека се уште има вжештени глави кои фрлаат камења на турски автомобили.

Тој вели дека во Солун живеат 75.000 Албанци.

– Се уште постои атмосфера на нетрпеливост кон Албанците, особено поради начинот на кој се третира грчкото малцинство во Албанија, кој нам не ни се допаѓа – рече Бутарис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top