| четврток, 6 декември 2018 |

Денес е популарна фолк пејачка, а некогаш крадела леб

Српската пејачка Милица Тодоровиќ за време на гостување во една емисија раскажа анегдота од времето кога започнала да се занимава со пеење.

Милица пред еден свој настап на почетокот од кариерата била многу гладна и одлучила со својот колега Стеван
Анџелковиќ да посети еден ресторан, кој бил навистина скап.

– Бидејќи немавме многу пари тогаш, порачавме само предјадење. Кога завршивме сѐ уште бевме гладни. Спроти нас седна еден
Италијанец и меѓу другото порача леб, па одлучивме да земеме по некое парче што ќе остане кога господинот ќе се сврти. И така
ние крадевме леб – раскажа Милица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top