Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ, денеска по 16-ти пат, додели еднократна парична помош за семејствата со новороденчиња, со што вкупно досега доделени се 714 ваучери.
– Со големо задоволство сакам да констатирам дека со денешното доделување на еднократна парична помош за семејствата со новороденчиња ја надминавме бројката од 700. Значи, 714 доделени ваучери, 714 новородени деца, 714 нови жители на оваа општина. Семејството е основна клетка за градење на едно здраво општество. Семејството е главниот столб за опстанокот на еден народ, на една нација. И затоа, секој треба сериозно да размисли околу својот придонес, истакна градоначалникот Беличанец-Алексиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.