Четириесет и осум часовен притвор и е одреден на мајката Викторија Јовановиќ чии две деца вчера настрадаа во пожар што изби во нивната куќа во населбата Мал Рит во Панчево, јавува Б92.
Во моментот на избувнување на пожарот децата биле сами во куќата и не можеле да излезат бидејќи биле закчучени.
Викторија отишла кај нејзината мајка по секира да расцепи дрва.
Причината за пожарот се уште не е позната.
Мајката на Викторија изјавила дека таа се задржала кај неа околу еден час, и кога се вратила дома било предоцна бидејќи дечињата се задушиле од чадот.
Мајката на децата утре ќе биде сослушана. Таа во куќата живеела сама со 5 годишниот Кристијан и 15-месечната Анастасија, кои настрадаа во пожарот.
Жената живеела од социјална помош, а има уште шест деца кои не живееле со неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.