Бактериите во кујната се кријат и тамо каде што најмалку очекувате. Глисти има и во машината за садови. За да се ослободите од бактериите и од глистите кои се задржуваат во машината за садови, избришете ја внатрешноста на машината со мешавина од оцет и топла вода. Глистите кои се задржуваат на рабовите од вратите и на места што се тешкодостапни, чистете ги со истата мешавина со помош на четка за заби. Бактерии има и на следниве места:
Вратата од фрижидерот
Вратите се најтоплиот дел од фрижидерот затоа што се на мала оддалеченост од ладилникот. За да спречите јајцата да се расипат брзо, чувајте ги на најниската полица во фрижидерот, која е најладна.
Сунѓерче за садови
Иако звучи чудно, но 99 отсто од бактериите од сунѓерчето ќе ги отстраните откако ќе сипете на него малку оцет и лимунов сок и ќе го ставите во микропечка 1 минута. Исто така, може да го исчистите доколку сипете врз него малку избелувач, а потоа да се испере во машина за садови.
Кујнска крпа
Колку и да ја чистите темелно кујната, доколку користите нечиста крпа за садови, на тој начин разнесувате стотина илјади бактерии по целата кујна. Идеално би било секојпат кога ги бришете садовите, да земете чиста крпа или користената да ја потопите во избелувач, а потоа да ја оставите да се исуши.
Апарат за кафе
Многумина сметаат дека е доволно што кафето минува низ внатрешноста на апаратот, така што не мора да се чисти. Апаратот за кафе би требало да го чистите секој ден, како и барем еднаш месечно да го исчистите апаратот со мешавина од вода и оцет, за го спречиле развојот на бактериите.
Нечист филтер на аспиратор
Многу домаќинства имаат во кујната аспиратор кој ги впива мирисите, но не знаат дека повремено треба да се чисти филтерот. Најдобро е сунѓерот кој се наоѓа во аспираторот еднаш месечно да го извадите и да го потопите во топла вода и детергент. Малку протријте го и исушете го.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.