| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов – Николиќ: Добра соработка меѓу Македонија и Србија

Претседателите на Македонија и на Србија, Ѓорге Иванов и Томислав Николиќ, на денешната средба во Белград, констатирале дека соработката меѓу двете земји е многу добра и дека пријателските односи се развиваат во духот
на добрососедство и блиска соработка меѓу двата народа.

Претседателот Иванов, јави известувачот на МИА, нагласи дека различните ставови по некое прашање не треба да нè спречуваат да имаме извонредни односи.

– Тоа е позитивен пример во нашиот регион – рече Иванов.

Македонскиот претседателот денеска ќе има работна средба и со претседателката на Народното собрание на Република Србија, Маја Гојковиќ.

За време на официјалната посета, Иванов во Панчево ќе оствари средби со претставници на македонското национално малцинство во Република Србија.

Утре во Белград претседателот Иванов ќе учествува на 38. средба на европската група на трилатералната комисија, што се оценува како собир на највлијателните луѓе во светот односно се смета за „светска влада во сенка“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top