Рускиот претседател Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и шефот на украинската држава Петро Порошенко го поздравија постигнатиот договор за испораките на гас за Укрина, јави ТАСС.
При телефонскиот разговор лидерите разгледале и прашања поврзани со кризната ситуација во Украина.
Постигнатиот договор за гасните прашања е важен чекор во контекст на идното обезбедување непрекинат транзит на гас кон Европа, истакна прес-службата на Кремљ.
Четворицата лидери ги потврдиле ангажманите за исполнување на договорот од Минск за регулирање на ситуацијата во југоисточна Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент