Брзото темпо на живот, недостигот од трпение и желбата да се работи на врската се само некои од причините затоа што стапката на разводи е зголемена. Прочитајте ги и останатите причини…
Многу е полесно да се разведеш денес отколку порано
Ова не се однесува само на законите. Тешкиот живот го правел бракот неопходен услов за преживување, додека денес е доволна само една причина да сфатат партнерите дека мислењата им се разликуваат и да го окончаат бракот.
Заедничкиот живот е можен и без брак
Денес никој не го осудува заедничкиот живот на двајца, а тие да не се потпишани во матично. Партнерите денес размислуваат дека таквиот однос носи помалку обврски и многу е полесно и да се прекине.
Луѓето веќе не веруваат во светоста на брачната заедница
Доколку сте религиозни, а веќе знаете дека бракот како друштвена институција е на значајно место во рамки на религијата, поголеми се шансите дека ќе се трудите и да го сочувате. Од друга страна, паровите кои го доведуваат во прашање бракот како институција и врска помеѓу бракот и религијата, тие се склони кон развод. Децата исто така се почесто растат со пример на дисфункционално, наместо со примерен однос, што дури и кога ќе го најдат партнерот што им одговара, се плашат од поврзувањето затоа што се плашат да не им се случи и на нив истото што се случило со нивните родители.
Зависноста од алкохол и дрога е во пораст
Економската рецесија, отпуштањето работници и недостигот на работни места, помеѓу останатото, водат и до сѐ поголема зависност од алкохол и дрога, а општо е познато дека која било зависност погубно делува на семејството, па така ниту брачната заедница не е исклучок
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.