Во Домот на култура „Кочо Рацин“ денеска ќе се одржи традиционалната манифестација „Жената симбол и инспирација“. Станува збор за изложба на дела од 30-тина академски ликовни уметници, на различна возраст кои творат во различни техники, сликари, графичари и скулптори. На изложбата со свои ликовни дела ќе се претстават Александар Јанкуловски, Марија Светиева, Фиола Конџали, Дита Старова, Евгени Пантев, Стефан Хаџи Николов, Радослав Марковиќ, Илчо Симовски, Симонида Филиповска-Китановска, Шкипе Мехмети…
Во организација на невладината организација „Тиит!“, во Младинскиот културен центар во Скопје ќе биде организиран целодневен настан. Меѓу другото, во галеријата на МКЦ ќе се одржат работилницата „Практична жена“, а ќе има и изложба на фотографии. Во фоајето на МКЦ ќе се одржи базар.
Во рамки на филмската програма, од 14 часот во кино „Фросина“ ќе има женски осврт на македонската кинематографија во соработка со Кинотека на Република Македонија. Ќе бидат прикажани „Фросина“ (1952) во режија на Воислав Нановиќ, „Јас, Блага Мицанова“ (1977) во режија на Вангел Чемчев – Лаки, „Опасна баба“ (1985) во режија на Милчо Манчевски и „Исправи се Делфина“ (1977) во режија на Александар Ѓурчинов.
Во кино „Фросина“ во 16 часот ќе има детско катче, а предвиден е кулинарски перформанс „Вкусот на машкиот ручек“ и матине концерт на June. Вечерта ќе има балетски перформанс „Жени со мустаќи. Мажи без брада“, во кој ќе играат Ивана Коцевска и Игор Веланоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст