До март оваа година во светот има 1645 милијардери, а пред само пет години, во 2009 година, тие биле речиси половина 793.
Истражувањето на меѓународната конфедерација „Оксфам“ покажува дека 85 од најбогатите луѓе поседуваат износ кој е еднаков на посиромашната половина на Земјата.
На пример, во Индија во текот на 90-тите години имало двајца милијардери, а сега има 65.
Најбогатиот човек во светот е Карлос Слим од Мексико, кој заедно со своето семејство има 80 милијарди долари.
На второ место е Бил Гејтс со 79 милијарди, а на трето Аманцио Ортега од Шпанија, која има 63 милијарди.
За да го потроши целото богатство, на Карлос Слим му требаат 220 години и да троши 1 милион долари на ден. На Бил Гејтс ќе му бидат потребни 218 години, а на Аманцио Ортега – 172 години.
Карлос Слим добива по 11,6 милиони долари на ден само од каматите на депозитите, Бил Гејтс 11,5 милиони долари од камати, а Ортега 9,1 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст





