| четврток, 6 декември 2018 |

ММФ бара од Србија да отпушти 95.000 вработени во јавниот сектор

530345_0203_f

Меѓународниот монетарен фонд бара од Владата на Србија да направи сериозна чистка во јавниот сектор. Според српски „Блиц“, ММФ пред претстојните разговори со Владата во Белград предлага во следните три години да бидат отпуштени околу 95.000 луѓе.

Мисијата на ММФ е во согласнст со планот на Владата кој неодамна им го изнел министерот за финансии на Србија, Душан Вујовиќ, според кој Србија до 2017 година треба да заврши со минус во државната каса до 2,5 проценти од БДП наместо сегашните речиси 8 проценти. Но, во ММФ верувале дека за да се постигне тоа, потребно е да се направи сериозен план на штедење на сите нивоа. Меѓу другото, идејата на Фондот е бројот на вработени во јавниот сектор во следната година да се намали за 25.000 луѓе, а во 2016 и 2017 година трошоците за плата да се намалуваат за еден процент годишно, односно во секоја година бројот на вработени да се намали за по 35.000 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top