Група млади муслимани од Сиднеј се обвинети за индоктринација на малолетни лица откако се појави видеоснимка од регрутација одржана во 2013 година во Лакемби. Снимката ја објави телевизијата Севен Нетворк, а на него се гледаат четири деца на возраст од 6 до 13 години како веат знамиња, меѓу кои и знаме на Исламската држава и извикуваат дека „никој не е премлад да стане војник на калифатот“.
Децата му порачуваат на американскиот претседател Барак Обама да оди по ѓаволите и велат дека ја сакаат главата на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Австралиската министерка за надворешни работи, Џули Бишоп, коментирајќи ја снимката, изјави дека тие деца треба да си играат на игралишта со другарчињата, а не да бидат регрутирани од страна на неодговорни возрасни лица врз основа на идеологија и проповодање омраза кон земјата во која живеат, пренесува news.com.au.
Обвинетата група муслимани е дел од организацијата Муслим јут проџект која наводно била поврзана со радикална група која неодамна беше прозвана и од австралискиот премиер Тони Абот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


