| четврток, 6 декември 2018 |

Вилата на Едвард Кардељ на продажба за два милиони евра

Вилата во која некогаш со своето семејство живеел Едвард Кардељ, еден од главните комунистички идеолози и лидери во поранешна
Југославија, е понудена на продажба за два милиони евра, објавија словенечките медиуми.

По смртта на Кардељ и иселувањето на неговите потомци, куќата неколку години ја користела словенечката територијална одбрана, а повремено се населувале и илегални сквотери, кои организирале масовни забави.

Вилата, која се простира на површина од околу 400 метри квадратни, ја продаваат наследниците на Кардељ. Таа им е нив доделена по долгогодишната постапка за денационализација, а денес се наоѓа во многу лоша состојба.

Едвард Кардељ беше долгогодишен близок соработник на некогашниот доживотен претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, а остана запаметен по теоретската и практичната изработка на идејата за работничкото самоуправување, развиено во периодот од 1952 до
1980 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top