Ученикот во второ оделение С.Л. (7) во Основното училиште „Десанка Максимовиќ“ од Чокот, доживеал трауматичен момент откако ученик во истото училиште со пиштол во рака им наредил да клекнат и да му се поклонуваат.
Имено, кога се враќал дома со другарчето В.М. (7), пред дворорт на училишната спортска сала ги пресретнал ученик од седмо одделение кој во рацете држел гасен пиштол.
Инцидентот се случил уште во април, но за него се дознало дури сега бидејќи не бил пријавен. Иако станувало збор за гасен пиштол, двајцата ученици претрпеле голема траума бидејќи во тој момент мислеле дека поголемиот ученик во рацете држи вистинско оружје.
– Пиштолот го држеше во раце. Мислам дека во џепот имаше и нож и метален боксер. Додека клечевме и се клањавме, наиде неговата учителка. Имаше марамче во рацете и го убедуваше пиштолот да и го предаде и да го стави во марамчето. Дури тогаш го спушти пиштолот. Ние бевме премногу уплашени, објаснува С.Л. кој за време на инцидетот бил во прво одделение.
Кога стигнал дома тој случката им ја објаснил на родителите. Но, мајка му и татко му не му поверувале бидејќи мислеле оти тоа било некоја игра.
– Дојде задишан. Ми рече дека некое дете на училиште довело пиштол. Мислевме дека измислува, дека преувеличува, како што знаат децата да прават. Но пред неколку недели од мајката на другото дете дознавме што се случило. Некој за ова мора да одговара. Што ако некој беше повреден? Зошто училиштето не го пријавило овој инцидент, запрашува мајката М.Л.
Мајката на другото дете објаснува за „Блиц.рс“ дека по случката нејзиниот син се повлекол во себе и добил тикови.
-Не знаеме зошто тоа се случило и зошто така се однесува се до пред некој ден кога дознавме. Син ми сега не смее сам да оди на улица, па ниту сам да седи во соба. Има тикови поради кои го носиме на психолог кој утврди дека син ми има „навлечено страв во коските“, објаснува мајката на друготот дете.
Полицијата започанла истрага, до сега училиштето не го пријавило инцидентот. Допрва ќе се утврдува дали има кривично дело и кој ќе превземе одговорност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


