Емили Ратајковски, девојката која светската слава ја стекна со појавувањето, во спотот на Робин Тик за песната „Blurred lines“, во интервју за „Космополитен“ таа сосема искрено зборувала за нејзиниот сексуален живот.
– Се чувствувам многу среќна и исполнета, бидејќи можам да облечам што ќе посакам, можам да спијам со кое момче сакам, да играм, а и понатаму да бидам феминистка, изјавила Емили.
А во продолжение признала дека сака секс без обврска.
– Ако сакам секс без обрврски ќе го добијам. Не сум од оние девојки кои сакаат врска веднаш по првиот секс со него, објаснила таа.
Емили се прослави како модел, но може да продолжи и како глумица, бидејќи има голема иднина пред себе.
– Се надевам дека за пет години ќе успеам како модел и како глумица, бидејќи точно знам како да го остварам тој успех, завршила Ратајковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


