| четврток, 6 декември 2018 |

Целосно новата „мазда 2“ подготвена за европска премиера

Ја­пон­ски­от про­из­во­ди­тел на авто­мо­би­ли нај­а­ви де­ка но­ви­от мо­дел на „маз­да 2“ ќе би­де прет­ста­вен до кра­јот на го­ди­на­ва и во Евро­па

Се оче­ку­ва но­ва­та „маз­да 2“ да на­пра­ви ви­стин­ски бум во кла­са­та на ма­ли град­ски авто­мо­би­ли и во це­ло­куп­на­та по­ну­да од Б-сег­мен­тот.

Ма­ли­от авто­мо­бил во по­че­то­кот на но­ем­ври ќе би­де прет­ста­вен во Бар­се­ло­на, прет­став­ниш­тво­то на „Маз­да“ за Евро­па, а до кра­јот на го­ди­на­ва и на не­кол­ку на­ци­о­нал­ни са­е­ми за авто­мо­би­ли низ Евро­па.

„Маз­да 2“ е ка­ра­кте­ри­стич­на по уни­кат­ни­от ди­зајн на це­ло­куп­на­та га­ма во­зи­ла од „Маз­да“. Вна­треш­но­ста го сле­ди ди­зај­нот на „маз­да 3“ вклу­чу­вај­ќи ги и пр­ви­от мул­ти­функ­ци­о­на­лен екран во овој сег­мент и спе­ци­јал­ни­от во­лан кој е прис­по­со­бен за ка­би­на­та на ма­ли­от ком­па­ктен авто­мо­бил. Авто­мо­би­лот, по­мог­нат од си­сте­мот MZD, ќе би­де ме­ѓу пр­ви­те авто­мо­би­ли од оваа кла­са кои на ко­рис­ни­ци­те им овоз­мо­жу­ва­ат по­сто­јан еле­ктрон­ски кон­такт, со ма­кси­мал­на си­гур­ност во исто вре­ме.

Auto112-Mazda2-2

Вна­треш­ни­от про­стор овоз­мо­жу­ва удоб­ност и про­стра­ност, осо­бе­но за во­за­чот, но и за пат­ни­ци­те што се во­зат на зад­ни­те се­ди­шта.

Но­ва­та „маз­да 2“ ќе се ну­ди со че­ти­ри раз­лич­ни мо­то­ри, од кои ед­ни­от е ди­зел­ски агре­гат.

Пот­пол­но но­ви­от 1,5-ди­зел­ски мо­тор има ма­ла ком­пре­си­ја со 105 коњ­ски си­ли, со ми­ни­мал­на по­тро­шу­вач­ка од 3,4 ли­три на 100 ки­ло­ме­три во ком­би­ни­ран ре­жим на во­зе­ње. Еми­си­ја­та на штет­ни га­со­ви е све­де­на на са­мо 89 гра­ма јаг­ле­ро­ден ди­о­ксид на еден ки­ло­ме­тар.

Бен­зин­ски­те мо­то­ри, исто та­ка, има­ат за­фат­ни­на од 1,5 ли­три, со 75, 90 и 115 коњ­ски си­ли и про­сеч­на по­тро­шу­вач­ка од 4,5 до 4,9 ли­три на 100 ки­ло­ме­три.

Auto112-Mazda2-3

За пре­но­сот на си­ла­та од мо­то­рот до осо­ви­на­та се за­дол­же­ни пет или шес­тсте­пе­ни ма­ну­ел­ни ме­ну­ва­чи и еден шес­тсте­пен авто­мат­ски ме­ну­вач. Си­те ме­ну­ва­чи се прис­по­со­бе­ни за оваа ка­ро­се­ри­ја и има­ат зна­чи­тел­но по­ма­ла те­жи­на.

„Маз­да 2“, освен на са­е­ми за авто­мо­би­ли, ќе би­де прет­ста­ву­ва­на и на филм­ски фе­сти­ва­ли и на отво­ра­ња го­ле­ми тр­гов­ски цен­три во свет­ски­те ме­тро­по­ли.

Пр­ви­те мо­де­ли ќе ги ви­ди­ме на европ­ски­те па­ти­шта на по­че­то­кот на 2015 го­ди­на.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top