| четврток, 6 декември 2018 |

Павлаковиќ: Театарот е моjа желба и не се откажувам од него

Во прет­ста­ва­та „Жи­во­тот на Мо­ли­ер“ игра­ше за­ме­на на лик и во тој при­вре­мен ан­гаж­ман ли­чен ту­тор ѝ бе­ше Ни­ко­ла Ри­ста­нов­ски. За тој пер­и­од од жи­во­тот ве­ли ка­ко да за­вр­ши­ла уште еден фа­кул­тет. За ан­гаж­ма­нот во прет­ста­ва­та „Ждре­ло“ ве­ли де­ка ми­нал во со­вр­ше­но инс­пи­ра­тив­на ат­мо­сфе­ра. Сме­та де­ка жи­во­тот го пра­ват ма­ли­те ра­бо­ти, а ни­ка­ко не се отка­жу­ва од сло­бо­да, љу­бов и од емо­ции

На мла­да­та актер­ка Ива­на Пав­ла­ко­виќ (23) во из­ми­на­ти­от пер­и­од ѝ се слу­чи­ја две уба­ви ра­бо­ти во про­фе­си­о­нал­на­та ка­ри­е­ра. Пр­во неј­зи­ни­от де­би­тант­ски филм „Де­ца на сон­це­то“, ка­де што ја тол­ку­ва глав­на­та уло­га, а не­о­дам­на бе­ше и пре­ми­е­ра­та на прет­ста­ва­та во Драм­ски те­а­тар „Ждре­ло“, за чи­ја уло­га до­би од­лич­ни кри­ти­ки.

Во прет­ста­ва­та „Жи­во­тот на Мо­ли­ер“ игра­ше за­ме­на на лик и во тој при­вре­мен ан­гаж­ман ли­чен ту­тор ѝ бе­ше Ни­ко­ла Ри­ста­нов­ски. За тој пер­и­од од жи­во­тот ве­ли ка­ко да за­вр­ши­ла уште еден фа­кул­тет. За ан­гаж­ма­нот во прет­ста­ва­та „Ждре­ло“ ве­ли де­ка ми­нал во со­вр­ше­но инс­пи­ра­тив­на ат­мо­сфе­ра. Сме­та де­ка жи­во­тот го пра­ват ма­ли­те ра­бо­ти, а ни­ка­ко не се отка­жу­ва од сло­бо­да, љу­бов и од емо­ции.

 

Ivana-Pavlakovic-int112-2

 

За кра­тко вре­ме ви се слу­чи­ја две уба­ви ра­бо­ти. Не­о­дам­на бе­ше пре­ми­е­ра­та на „Де­ца на сон­це­то“, во кој го игра­те ли­кот на Ан­ге­ла, ед­на од глав­ни­те уло­ги, а по­тоа и те­а­тар­ска­та пре­ми­е­ра на „Ждре­ло“ во Драм­ски­от те­а­тар во Скоп­је. Ка­ко го под­не­со­вте тој го­лем то­вар на ва­ши­те мла­ди пле­ќи?
ПАВ­ЛА­КО­ВИЌ: Не би рек­ла де­ка ми бе­ше то­вар. Дра­го ми е што пуб­ли­ка­та има­ше мож­ност да ви­ди два мои про­це­си на ра­бо­та и на со­зре­ва­ње, со­се­ма раз­лич­ни еден од друг, кои ме­не лич­но, по­ле­ка но си­гур­но, ме офор­му­ва­ат и раз­ви­ва­ат ка­ко лич­ност и актер и, нор­мал­но, ми зна­чат мно­гу. Фил­мот ми се слу­чи до­де­ка бев сту­ден­тка во тре­та го­ди­на и бу­квал­но ми пад­на од не­бо би­деј­ќи ре­тко се ну­ди сце­на­рио, по­себ­но кај нас, во кое глав­ни­от лик го тол­ку­ва мла­да де­вој­ка, и тоа бе­ше огро­мен пре­диз­вик за ме­не. Не­мав ни­ка­кво филм­ско искус­тво пред тоа и по­ми­наа ре­чи­си две го­ди­ни отка­ко за­вр­ши це­ли­от про­цес. А, осо­бе­но ми е дра­га прет­ста­ва­та „Ждре­ло“ би­деј­ќи ра­бо­тев­ме под пол­на па­реа во со­вр­ше­но инс­пи­ра­тив­на ат­мо­сфе­ра, во ко­ја ме­не ми бе­ше да­ден про­стор за до­стој­на актер­ска кре­а­ци­ја, ко­ја мно­гу ми зна­чи. Ед­но го­ле­мо бла­го­да­рам на це­ли­от тим, осо­бе­но на ре­жи­сер­ка­та Зо­ја Бу­зал­ков­ска, ко­ја ми бе­ше про­фе­сор­ка че­ти­ри го­ди­ни на Фа­кул­те­тот за драм­ски умет­но­сти и ко­ја ми да­де шан­са вед­наш во дип­ло­ми­ра­ње­то да играм кај неа во прет­ста­ва.

 

Што па­ме­ти­те од сни­ма­ње­то во Прес­па и што на­у­чи­вте од Ми­ли­ца Сто­ја­но­ва, Ме­то Јо­ва­нов­ски, Вла­до Јо­ва­нов­ски?
ПАВ­ЛА­КО­ВИЌ: Ка­ме­ра, аларм во 6 ча­сот на­у­тро, тур­ка­ни­ца, тен­зи­ја, топ­ло, ка­фе, нер­во­за, смеа и ед­на шко­ла и искус­тво кои ќе ги па­ме­там и на­та­му. При­ма­до­на­та Ми­ли­ца Сто­ја­но­ва е при­мер за актер кој има не­ве­ро­јат­на по­чит и жар кон сво­ја­та про­фе­си­ја. Таа има тол­ку си­лен дух ка­ко што­ту­ку да дип­ло­ми­ра­ла, а нај­дра­го ми е што со се­кој раз­го­вор со неа таа не­ис­црп­но спо­де­лу­ва дел од се­бе и ми ги отво­ра очи­те ши­рум кон но­ви хо­ри­зон­ти. Од Ме­то Јо­ва­нов­ски до­бив еден ре­док, но иск­лу­чи­тел­но драг жи­во­тен со­вет на кој че­сто се при­се­ту­вам и го чу­вам за се­бе, ка­ко и при­мер за про­фе­си­о­на­ли­зам. До­де­ка, пак, од Вла­до Јо­ва­нов­ски гле­дав кол­ку е бит­на истрај­но­ста.

 

Ivana-Pavlakovic-int112-3

 

Од што не би се отка­жа­ле од жи­во­тот?
ПАВ­ЛА­КО­ВИЌ: Од сло­бо­да, љу­бов и од емо­ци­ја. Ту­ри му пе­пел ако не­ма емо­ци­ја, за сѐ во жи­во­тот, са­ка­ле или не. Не­ма чо­век, ни жи­вот без неа.

 

По­крај те­а­тар­ски­те ан­гаж­ма­ни, ви оста­ну­ва ли вре­ме за дру­ги ин­те­ре­си кои не се по­вр­за­ни со про­фе­си­ја­та?
ПАВ­ЛА­КО­ВИЌ: За вре­ме на про­би­те, ко­га бу­квал­но се­ко­ја се­кун­да ми е бес­це­не­та, се­ко­гаш на­о­ѓам ма­кар мал­ку вре­ме во те­кот на де­нот ко­га сум со мир­на и со лад­на гла­ва. Тој пер­и­од нај­че­сто е пер­и­о­дот пред спи­е­ње. Смеш­но­то кај ме­не е што ко­га имам по­ве­ќе сло­бод­но вре­ме, не знам што по­пр­во да на­пра­вам – ка­де по­пр­во да стиг­нам, што да про­чи­там и ми фа­ли мо­мен­тот да имам не­ко­ја актив­ност. Ко­га ќе се на­у­чам на ед­но тем­по, за кое во­оп­што не се жа­лам, на­про­тив, дра­го ми е што кон­ти­ну­и­ра­но од тре­та го­ди­на сту­дии, па до­се­га ми трае, тоа ста­ну­ва дел од ме­не без кој не мо­жам да функ­ци­о­ни­рам. Жел­ба­та, вер­ба­та во се­бе и па­си­ја­та се нај­бит­ни за­што то­гаш има вре­ме за сѐ. За кни­га, филм, ше­та­ње, ка­фе, пи­ла­тес, му­зи­ка…

 

Да­ли де­нес мо­же да се жи­вее од те­а­тар?
ПАВ­ЛА­КО­ВИЌ: Те­а­тар се пра­ви од љу­бов. Од тоа кол­ку јас ќе се нај­дам во при­каз­на­та ко­ја ќе би­де важ­на и инс­пи­ра­тив­на за ме­не. Не за па­ри. Кај нас, за жал, па­ри се пра­ват од филм или од рек­ла­ми. А, ме­не глав­на во­дил­ка за сѐ ми е де­ка ен­ту­зи­јаз­мот, истрај­но­ста, вер­ба­та и љу­бо­вта ни­кој не мо­же да ми ги скро­ти, кол­ку и под­ло да се оби­ду­ва на тоа. Са­ми си ги отво­ра­ме вра­ти­те на­пред во сог­лас­ност со на­ши­те жел­би. Е, ме­не жел­ба ми е те­а­та­рот. И не се отка­жу­вам од не­го за­што тоа што го чув­ству­вам по до­бра про­ба или прет­ста­ва не се опи­шу­ва, ни­ту, пак, се ме­ри со не­што. Ле­ги­ти­мен ќеф на ду­ша.

 

Ivana-Pavlakovic-int112-4

 

По­сто­јат ли ма­ли не­шта што го пра­ват жи­во­тот по­у­бав?
ПАВ­ЛА­КО­ВИЌ: Ма­ли­те не­шта се ка­ко за­чи­ни­те во куј­на. По­тре­бен е по­се­бен трет­ман кон нив за­што со са­мо­то тоа кол­ку сме на­вик­на­ле да би­дат не­за­бе­ле­жи­тел­ни, не­ко­гаш не сфа­ќа­ме кол­ку сме ги ут­на­ле или, пак, во­оп­што не ги пре­поз­на­ва­ме, за жал. А, се мно­гу, мно­гу вред­ни. Нај­но­ва­та кни­га што ја про­чи­тав од Ми­ха­ил Бул­га­ков, „Бе­ле­шки­те на мла­ди­от ле­кар“, ме шек­на. Мо­и­те ма­ли ра­бо­ти се ме­ре­ње ули­ци, ше­та­ње по ГТЦ и откри­ва­ње но­ви пог­ле­ди, топ­ка сла­до­лед, до­бри кни­ги, цве­ќе ку­пе­но од ба­бич­ки­те пред Бу­ња­ко­вец, му­а­бе­ти со дру­гар­ка ми, уче­ње но­ви ре­цеп­ти и не­ред во куј­на, во­зе­ње во авто­бус и еден ха­ос од на­род вна­тре …..мно­гу се. И без нив ќе би­де шту­ро.

 

Кои се ва­ши­те ид­ни ан­гаж­ма­ни? Во кој пра­вец би са­ка­ле да се раз­ви­ва ва­ша­та ка­ри­е­ра?
ПАВ­ЛА­КО­ВИЌ: Јас са­мо са­кам да про­дол­жам да ве­ру­вам и да би­дам истрај­на до крај во сѐ што пра­вам. Ни­ко­гаш не пла­ни­рам ни­што. Оста­вам да ми се слу­чи. Знам де­ка ко­га ќе се вне­сам це­лос­но во не­што, кол­ку и да е те­шко, на са­ми­от крај тру­дот се исп­ла­ти и се вра­ќа. За­тоа, са­мо ќе си по­са­кам ква­ли­тет­ни про­е­кти кои ќе ме ис­пол­ну­ва­ат и во кои ќе ужи­вам да играм. И се на­де­вам де­ка ќе ми се слу­чат што по­ско­ро.

 

(Пишува: Александра М. Бундалевска | Фото: Але­ксан­дар Ива­нов­ски
Текст објавен во 112. број на неделникот „Република“, 24.10.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top