| четврток, 6 декември 2018 |

Билетите за натпреварот Македонија – Словачка од 100 до 500 денари

Фудбалската федерација на Македонија ги пушти во продажба билетите за натпреварот со Словачка што „црвено-жолтите“ треба да го одиграат на 15 ноември на „Филип Втори“ во Скопје.

Цената на билетите се движи од 100 до 500 денари во зависност од местото и од трибината. За централните делови на јужната и на северната трибина цените се 500 денари, а за овие две трибини има билети и од 150, 250 и 400 (Северна), односно 150, 200 и 300 (Јужна).

За билет за западната трибина навивачите ќе треба да одвојат 100 денари, додека исток не е на продажба и се чува за гостински навивачи.

Билетите може да се набават во продажните места на Оне, МКтикетс и во Југотон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top