Јаболкото помага во намалување на лошиот холестерол и изобилува со антиоксиданси кои овозможуваат подобар протек на кислород во белите дробови. Исто така, тоа е одличен извор на витамин Ц, кој помага при јакнење на имунитетот и борбата против настинката.
Карфиолот, слично како и јаболкото, изобилува со витамин Ц. Тој е богат со антиоксиданси кои ги бришат брчките, но и состојки кои го намалуваат ризикот од рак на белите дробови, па поради тоа им се препорачува на пушачите.
Калинката и шипката се овошја кои се богати со витамин Ц, фолна киселина и витамини А и Е, како и со калиум. Во сокот на шипката се наоѓаат три важни полифеноли кои се моќни антиоксиданси, а според чие дејствување шипката е подобра од брусницата, зелениот чај и црното вино. Има антибактериски својства, штити од рак и појава на дијабетес, но и помага во
борба против депресијата. Освен тоа, помага и во намалуање на килограмите и симптомите на остеоартритис.
Тиквата е одлична за сите што страдаат од алергија. Таа е богата со витамин Ц кој го намалува нивото на хистамин, како и со витамин А и цинк кои го зајакнуваат имунолошкиот систем.
Мандарините содржат двојно повеќе витамин Ц отколку портокалот, а богати се и со фолна киселина и со бета каротен кои се неопходни за здрав метаболизам. Тие се одличен извор на пектин кој го спречува апсорбирањето на холестеролот на ѕидовите на крвните садови, а со тоа и ризикот од дебелеење. Пектинот воедно е задолжен и за регулирање на шеќерот во крвта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст