| четврток, 6 декември 2018 |

Чешкиот претседател: Мораме да ги убиваме терористите

Чешкиот претседател Милош Земан, говорејќи за бробата против тероризмот на средба со странските дипломати во Прага, порача дека терористите треба да се убиваат, објавија чешките медиуми.

– Притоа е сеедно дали тие се дел од Ал Каеда, талибанци или од Исламска држава (ИД) – оцени Земан, додадавајќи дека терорист е секој тој што со умисла убива цивили.

Земан долго време се залага за жестока акција против терористите и неодамна изјави дека Чешка би требало да биде поактивна во борбата против сунитско-исламистичката група Исламска држава (ИД).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top