| четврток, 6 декември 2018 |

Рибери нападнат од навивач на Хамбургер

Фудбалерот на Баерн, Франк Рибери беше нападнат од еден домашен навивач за време на натпреварот на гостувањето во Хамбург.

Инцидентот се случи во судиското надополнување кога на теренот влезе бесниот навивач и со шал го удри в лице Французинот, при тоа покажувајќи му среден прст. Обезбедувањето брзо реагираше и го уапси навивавачот.

Токму Рибери го постигна третиот гол за победа на Баерн над Хамбургер со 3:1. Овој дуел се играше во рамките на Националниот куп на Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top