| четврток, 6 декември 2018 |

Американскиот четник станал Рамбо

erik-frejn amerikanski cetnik

По Ерик Фрејн, кој се замислил дека е четник од Втората светска војна, по шумите во САД трагаат стотина полицајци.

Меѓутоа, тој и понатаму е недофатлив за полицијата од Пенсилвенија, каде што има убиено еден ренџер, а рането друг.

По овој „четник“  се трага веќе шест недели. Полицијата во понеделникот поставила голем балон во кој има сместено неколку камери за да ја унапредат потрагата по него.

Поради тоа што преживува во дивина веќе шест недели го споредуваат со филмскиот јунак Рамбо.

Локалните жители не веруваат дека полицијата сè уште не може да го фати, а тоа многу ги оптоварува.

Четникот на полицијата ѝ оставил некои траги, но не е сигурно дали случајно или намерно. Неверојатно, но еден од тие предмети е кутија од сараевска „дрина“, на која стои предупредување за опасност од пушење, напишано на кирилица.

ФБИ го има ставено на листата за десет најбарани луѓе во САД.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top