| четврток, 6 декември 2018 |

Колку можете да се здебелите за еден ден?

Се обидувате да внимавате на исхраната, но сепак некогаш се случува да претерате и потоа ве гризе совест поради количеството храна што сте го изеле. Голем број од луѓето стравуваат од тој ден кога ќе претераат, мислејќи дека и преку ноќ можат да качат одредено количество килограми. Но, колку всушност можете да се здебелите за еден ден?

Одговорот на ова прашање го даде нутриционистот Саманта Кесити за магазинот Women’s Health. Според нејзината изјава, потребно е да изедете навистина големо количество во еден ден, за тоа да се забележи на вагата.

-Невозможно е да се здебелите преку ноќ, дури и да сте претерале со храната. Тоа се сведува на математиката на калории. Иако не е 100 проценти прецизен, основниот принцип е следен: За да се здебелите треба да изедете 3.500 калории повеќе од она што го внесувате нормално. Да речеме дека вообичаено внесувате по 2.000 калории во еден ден. Тоа значи дека треба да внесете плус 3.500 калории, значи вкупно 5.500, за да се здебелите половина килограм. А во тоа не ја вклучуваме евентуалната физичка активност.

Секако кога ќе претерате ќе се чувствувате подуено, но додека тоа претерување не ви стане навика не би требало да се грижите.

– Доколку следниот ден си продолжите со нормалниот начин на исхрана, односно јадете правилно и се вратите на физичката активност, ќе го оневозможите зголемувањето на килограмите – вели Кесити.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top